Арсовски: СДСМ крие колку пари потрошиле на рекламни паноа и билборди
Портпаролот на ВМРО-ДПМНЕ Димче Арсовски на денешната прес-конференција истакна дека коалицијата „Можеме“ предводена од СДСМ во извештајот доставен до Државниот завод за ревизија крие одредени ставки за тоа колку пари потрошиле на рекламни паноа и билборди. Според него во извештајот на СДСМ кој е јавно достапен може да се види дека е најнетранспарентен и технички празен.
„ Конфесионерите јавно си ги истакнаа цените и локациите и ждребењето беше јавно и истата информација се процесира до ДИК која партија колку локации закупила, но СДСМ не сака воопшто да биде транспарентна и да ги објави сите суми во својот извештај. Податоците велат дека СДСМ има закупени стотици рекламни паноа, а немаат објавено ниту еден билборд во извештајот. Додека говореа за транспарентност изминатите 3 години СДСМ всушност станаа најнетранспарентната партија во Република Македонија“- рече Арсовски.
Во однос за преговорите за формирање на ново парламентарно мнозинство рече дека лидерот на партијата Христијан Мицкоски вчера имал средба со неговиот колега Али Ахмети, но не сакаше да даде повеќе детали за да не му наштети на целиот процес. Вели дека кога ќе има поконкретни информации ќе бидат објавени во јавност.
За кривичната пријава која што поранешниот градоначалник на општина Аеродром Ивица Конески му ја поднесе на другиот портпалот на ВМРО-ДПМНЕ Наум Стоилковски, Арсовски рече дека правдата е на страната на неговиот колега и е сигурен дека Стоилковски ќе го добие процесот.
Даниел Василев
Ново на Сител
-
АХВ нареди нови мерки на Струмички Комуналец
-
Освен казни, Пазарна ќе запленува и роба ако продолжат прекршувањата на владината мерка
-
Тема на денот со Никола Димитров
-
Поплаки и оваа година за дел од таксистите
-
Ристески: Новиот Закон за работни односи после 7 години ќе излезе од фиока
-
Преглед на вестите од светот
-
Почина бебе на Детска Клиника - Телото е на обдукција, вонреден надзор во понеделник
-
„Конти“ - Лесна заработка или тешка измама?