Арсовска: Со квалитетно менаџирање ќе се овозможи скопјани да имаат бесплатен јавен превоз
Апсолутно може Скопје да има бесплатен, модерен, брз и ефикасен јавен превоз кој што ќе ги исполни барањата на жителите на Скопје, потенцираше во Тема на денот на Сител независната кандидатка за градоначалник на Скопје поддржана од ВМРО-ДПМНЕ, Данела Арсовска.
- Има проекти кои што чинат многу пари што е превозот и нема да биде решение кое што ќе дојде веднаш, но апсолутно може да се среди. Има многу предизвици, во најголем дел од населените места сега во моментов нема автобуски превоз каков што им треба. Тоа се оние заборавени населби како што кажувам во својот проект. Тоа е една од главните проектни активности дека веќе нема да има заборавени населби во градот Скопје. Таму сега автобусите многу ретко или никогаш не пристигаат, се чекаат со часови, граѓаните многу пешачат за да стигнат и до првата автобуска станица, тоа е големо оптоварување и тие веќе немаат време за чекање, рече Арсовска.
На прашање како може да се направи корисен бесплатен јавен превоз да функционира ако во овој момент кога се плаќа превозот ЈСП има долг од 2 милиони евра, Арсовска одговори дека тоа е возможно со квалитетно менаџирање.
-Тоа значи дека непродуктивните трошоци ќе се сведат на минимум. Со трансформација на јавниот превоз од она што го имаме сега во моментот со еко возила исто така ќе се намалат за 80% и трошоците од оваа загуба. Доколку градот Скопје во овој момент дава милиони за да ги покрие големите загуби на ЈСП, верувајте дека со добро менаџирање тој ќе може да го дополни оној вакуум што го има и скопјани да имаат за нив бесплатен превоз. Пари во Буџетот за овој проект има, и тоа може да се изведе, дополни Арсовска.
Ново на Сител
-
Саливан: САД засега немаат системи за противвоздушна одбрана „Патриот“ кои би можеле да ги испратат во Украина
-
Земјотрес со јачина од 6,9 степени по Рихтеровата скала го погоди југозападниот дел на Јапонија
-
Промовирана новата генерација полициски службеници
-
Претрес во Штип, пронајдена дрога
-
СПМ: Ковачевски, Фатмир Битиќи и Бојан Маричиќ за грешките мора да си одат и да одговараат
-
Неготинец нападнал малолетник во сендвичарница
-
ССМ ги повикува работниците на протест по повод Меѓународниот ден на трудот 1 Мај
-
Хоспитализирани четири лица со голема кашлица, нови 27 случаи