Македонија
28. September 2022 - 21:16

Арсовска назначи нови директори

Синот на поранешниот реис на ИВЗ, Сулејман Реџепи се најде меѓу новите в.д. директори на Јавни претпријатија во Скопје

Градоначалничката Арсовска попладнево ги објави имињата на новите директори по повлекувањето на кадрите од ВМРО-ДПМНЕ.

Зухејр Реџепи, синот на поранешниот Реис ќе биде директор на ЈП Паркови и зеленила, а Саид Саиди ќе биде директор на ЈП Улици и патишта. Реџепи е дел од огранокот на ДУИ во Сарај, додека Саиди од огранокот на ДУИ во Чаир.

Меѓу новите имиња се Радмила Пешева, активист на здружението за заштита на животните „Анима Мунди“ е новиот директор кој ќе раководи со ЈП „Лајка.

Генералниот секретар на ГРОМ, Крсте Петревски ќе седне во директорска фотелја во Градски Паркинг, а со Дрисла ќе раководи Александар Кузинаков.

Oд градот Скопје велат дека новите директори ќе имаат обврска и одговорност во следните 6 месеци да ги спроведат реформите и за штедат, односно да ги намалат непродуктивните трошоци и да не дозволат лица кои не одат на работа да бидат платени од буџетски средства.

Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ Мицкоски во вечерашното гостување во Тема на денот рече дека не сакаше да ги коментира ваквите кадровски решенија и потврди дека членството во советот од неговата партија ќе гласа за предизборните проекти.

Серијата оставки на директори во град Скопје следеше по разрешувањето на директорот на Водовод и Канализација Перински заради спорен тендер за пречистителна станица.