Македонија
20. December 2023 - 15:02

Арсовска изврши увид во изградбата на новиот мост на реката Серава

Почитувани,

Градоначалничката на Град Скопје, Данела Арсовска, со екипите од Секторот за планирање и уредување на просторот и јавното претпријатие Улици и патишта Скопје, денеска извршија увид во текот на  изградбата на новиот мост на реката Серава кај Момин поток со што се реализира уште еден проект од програмата За модерно Скопје.

Со новиот мост кој се гради покрај постојниот над реката Серава, кој е со поголем профил се овозможува дооформување на клучката и изградба на новиот булевар со предвидениот профил. Со реализација на овие проекти се овозможува решавање на проблемот со сообраќајниот метеж на оваа локација низ која секојдневно транзитираат неколку десетици илјади возила.

Со почит,
Одделение за односи со јавност
Град Скопје