Македонија
7. December 2021 - 20:29

Арсовска: Да се исклучат семафори без најава со часови за да се направи сообраќаен хаос е крајно несериозно, градот ќе побара објаснување од МВР

Данела Арсовска, градоначалничката на Град Скопје преку статус на Фејсбук пишува дека крајно несериозно е да се исклучат семафори без најава и тоа со часови.

-Да се исклучат семафори без најава со часови за да се направи сообраќаен хаос е крајно несериозно. Сообраќајот е ист како и други денови и нема основа објаснувањето дека дождот е причината за денешната слика од улиците во Скопје каде со часови патуваа до своите домови.

Градот Скопје ќе побара објаснување од МВР за причината за предизвикување на денешниот сообраќаен хаос, стои во нејзиниот пост на Фејсбук.