Македонија
22. March 2020 - 14:32

Армијата се вклучи во контролата на почитување на полицискиот час

Армијата излегува на улица. Војската заедно со полицијата ќе патролираат и контролира дали граѓаните ја почитуваа забраната  да не  излегуваат  после 21 часот. Лицата кои ќе бидат затекнати на улица за време4 на полицискиот час, меѓу нив и оние кои треба да бидат во самоизолација,  ќе бидат спроведени во државен карантин.

За време на полициски час, освен полицајците, војниците, пожарникарите, здравствените работниците и вработените во комунална хигиена, слободно ќе може да се движат и медиумските работници, рече министерката за одбрана.

 Војската доби и други овластувања:  Целосно обезбедување  на зелена линија на границите, со цел да се спречат илегални преминувања. Ќе вршат контрола на влез и излез на патните правци кои водат кон населените места преку воспоставување мобилни пунктови, а ќе ги штитат и  клучните институции како Собранието, Владата но и затворите.

Во однос на хотелите и одмаралиштата кои имаат сместувачки капацитети за лицата кои ќе се вратат во земјава а треба да одат во самоизлојација,  министерката рече дека има интрес.. Но  не откри дали на јавниот повик се пријавиле хотели кои сакаат да го отстапат своите простории за карантин.