Армијата обезбеди полнење гориво во хеликоптерите во близина на критичните точки
Со ефикасен армиски ангажман и поддршка од РЕК Битола и АД Макпетрол, значително се зголеми ефикасноста и брзината на делување на сите хеликоптери вклучени во гаснењето на пожарите во беровско-делчевскиот крај, соопшти Министерстовот за одбрана.
Министерката за одбрана Радмила Шекеринска која денеска ги посети припадниците на Армијата упати искрена благодарност до нив и до колегите од Србија и Словенија за натчовечките напори дадени за гасење на пожарите и порача дека припадниците на Армијата мотивирано и посветено продолжуваат во борбата со огнените стихии.
– Денеска уште не е ни пладне, а нашите воздухоплови, нашите пилоти и техничари, веќе 5 часа се во воздух и неколку пати асистираат во справување со најтешките пожари на целосно недостапен терен. Тука во делот на општина Берово имаме импровизиран хелиодром каде што слетуваат хеликоптерите, полнат гориво, успеаваат во близина да обезбедат вода од акумулациите и веднаш можат да се вратат на терен. Тоа многу го скрати и ќе го крати времето за интервенција и им овозможува на сите овие хеликоптери да реагираат по неколку пати без да се враќаат назад во Петровец, изјави Шекеринска.
Командантот на Воздухопловниот ВИНГ, полковникот Стојко Пејовски порача дека со ова поставување се скратува времето на дејствување од скопскиот аеродром, воздухопловите остануваат блиску до теренот и циклусите на земање на вода и доведување на водата до опожарените подрачја драстично се скратуваат.
– Јас сум многу горд на тоа што го направивме и се надевам дека и понатаму ќе можеме навремено, брзо и поефикасно да реагираме. Состојбата во моментов е под контрола, ние досега имаме реализирано голем број на налети на сите воздухоплови и продолжуваме понатаму, рече полковникот Пејовски.
Припадниците на воздухопловниот ВИНГ на терен ги поздрави и премиерот Зоран Заев, кој изрази голема благодарност за нивниот извонреден придонес.
Ново на Сител
-
Во тешката сообраќајка кај Прилеп загина 75-годишник
-
На Шар Планина спасен чешки повреден планинар
-
Утре во Грција 345 протести на 243 различни локации
-
Приведен поранешниот директор на затворот во Шутка
-
14-годишни деца ги испраќале лажните дојави за бомби во училиштата, МВР со детали
-
Наредено уништување на 1980 килограми небезбедно замрзнато месо
-
Собраниската Комисија за здравство ќе одлучува дали да одржи надзорна расправа за аерозагадувањето
-
Зеленски инсистира на безбедносни гаранции од Западот со цел да ја одврати Русија