Македонија
26. September 2020 - 17:09

АРМ ја покажа подготвеноста пред Пахор

Заложничка драма во водите на Охридското езеро. На брод во непосредна близина на брегот специјални тимови на армијата се обидуваат да ги спасат, а во акцијата е вклучен и хеликоптер.

Со ваква показна вежба за ослободување на заложници пред словенечкиот претседател Борут Пахор  и неговиот домаќин претседателот Стево Пендаровски беше прикажана подготвеноста на припадниците на специјалните сили на армијата  а беа демонстрирани и боречки вештини.

Инаку претходно двајцата претседатели беа во обиколка на неколку позначајни кулутурно-историски споменици во градот,ја посетија црквата „Света Богоридица Перивлепта“,Галеријата на икони и  катедралната црква „Света Софија“.