Балкан
1. October 2018 - 11:44

Арктички фронт пристига во Европа: Денеска во Словенија и на Алпите се очекува снег, а од среда жестока зима на Балканот

Во наредните три дена во Европа пристигна уште еден студен бран, а метеролозите велат дека може да падне и првиот снег за оваа сезона. 
 
Студениот фронт кој доаѓа од северот веќе ги зафати Алпите, каде на врвовите се очекува снег. 
 
Снег се очекува да падне и во Словенија, но само над 2000 метри надморска височина. 
 
Наглото заладување ќе се почувствува и во Британија, Франција, а утре се очекува на југот  од Франција да има голем студ. 
 
Други ладни бранови доаѓаат по среда и ќе ги зафати деловите на Источна Европа и Балканот..