Археолозите во Помпеја пронашле зачувани тела на господар и слуга кои настрадале во ерупцијата
Археолозите открија исклучително добро сочувани остатоци од двајца мажи кои загинале во вулканската ерупција на планината Везув, која го уништи древниот римски град Помпеја во 79 година од новата ера, објави вчера италијанското Министерство за култура.
Остатоците се пронајдени во местото Цивита Џулијана, 700 метри северозападно од центарот на Помпеја, во подземната просторија на голема вила каде во тек се археолошки истражувања. Според наодите, едниот од дввајцата мажи бил со повисок социјален статус и најверојатно му бил госпдар на другиот.
Првиот бил на возраст меѓу 30 и 40 години, имал солидна градба и скелет, додека другиот, веројатно на возраст меѓу 18 и 23 години, имал неколку нагмечени пршлени, што укажува на тоа дека тој бил роб кој имал тешка физичка работа. И двајцата носеле волнени туники.
Забите и коските на мажите се добро зачувани, а експертите ги преземаат сите мерки за правилно извлекување на останките.
„Овие две жртви веројатно се обидувале да побараат засолниште околу 9 часот утрото кога ги однел пирокластичниот бран“, рече Масимо Осана, директор на археолошкиот локалитет, кој додаде дека двајцата најверојатно го избегнале првичниот бран на вулканска пепел што го посипа градот Помпеја.
„Тие починале од последици на термички шок, како што укажуваат нивните стегнати нозе и раце.“
Министерот за култура Дарио Франческини рече дека откритието го истакнува статусот на Помпеја како „неверојатно место за истражување и проучување“.
Во времето на вулканската ерупција во 79 година н.е., во Помпеја имало околу 13.000 жители. Остатоците од градот беа откриени дури во 16. век, а организираните ископувања започнаа околу 1750 година. Но, неодамна, вниманието е насочено кон обидот да се запре распаѓањето и пропаѓањето на вредните урнатини.
Ново на Сител
-
Пронајдена неексплодирана експлозивна направа во Битола
-
Разбојникот кој ограби казино со автоматско пушка е полицаец
-
Демири: Ако Клиниката за токсикологија не била осигурена, менаџментот треба да преземе одговорност
-
До 30 април на полноќ пријавување на болните и изнемоштените за гласање на изборите на 8 мај
-
Гевгеличанка лажела дека е царински застапник и измамила Грк за 2.000 евра
-
Тошковски: Поддршка до специјалните единици бидејќи тие се првиот столб на заштитата на безбедноста и суверенитетот на државата
-
Пет клучни донатори вложија повеќе од 50 милиони долари во претседателската кампања на Трамп
-
Штипскиот Економски факултет го одбележа денот на македонскиот денар