Арачиновец обвинет за убиство на сопругата
Основното јавно обвинителство Скопје поднесе обвинителен акт против едно лице од скопското село Арачиново за кривичните дела убиство и неовластено изработување, држење, посредување и тргување со оружје или распрскувачки материи, а јавниот обвинител до Судот достави предлог со кој побара да биде продолжен претходно определениот притвор за обвинетиот, заради опасност од бегство и можност да влијае врз сведоците.
Како што информира ОЈО, обвинетиот 39-годишник, на 29 април годинава, во семејниот дом во селото Арачиново, при вршење семејно насилство, со умисла ја лишил од живот неговата сопруга.
-Тие откако се вратиле од прошетка и влегле во нивната соба, започнале вербална расправија заради брачни недоразбирања. Во еден момент, обвинетиот се упатил кон подрумските простории во куќата каде што неовластено држел огнено оружје – пиштол марка „Pietro Beretta MOD.70” со калибар 7,65 мм. Пиштолот го ставил во џебот од јакната и се вратил во собата каде што била оштетената. Двајцата сопружници продолжиле да се расправаат, а обвинетиот го извадил пиштолот, го вперил кон оштетената со закана дека ќе ја убие и испукал еден куршум во задната страна на главата. Од повредите дошло до пореметување на работата на важни витални центри и настапил смртен исход кај оштетената, соопшти ОЈО.
Ново на Сител
-
Претседателката Сиљановска Давкова помилуваше пет лица
-
Тошковски: Исплатена бонус плата за 2023 година, право кое го оствариле 5.635 вработени во МВР
-
Средба на Сиљановска Давкова со Вучиќ на Илинден во Св.Прохор Пчињски
-
Муртези: Прашањето за формирање на албанска академија е чувствително, но „Вреди“ нема да ги прилагодува програмските заложби заради личен комфор во Владата
-
За празникот сончево и многу топло, до 40 степени, попладне краткотрајно невреме
-
АХВ: Потенцијално небезбедните коцки за супа не се пуштени во промет, спроведен е вонреден инспекциски надзор
-
Јавното обвинителство на увид во Институтот за јавно здравје, се испитува дали има обележја на кривично дело
-
Управните служби и утре ќе ги издаваат готовите лични документи на граѓаните