Апсења во Германија по нападот во Брисел
Германската полиција уапси двајца осомничени за врски со терористичката група што ги изврши нападите во Брисел во вторникот, јави дописникот на МИА од Берлин.
Според неименувани извори на весникот „Шпигел“, еден од уапсените е приведен во средата во близина на Франкфурт.
Тој пред нападите во Брисел примил две пораки преку мобилен телефон во кои се споменувало името на Калид Ел Бакрауи, терористот кој ја активира бомбата во бриселското метро.
Германското Министерство за внатрешни работи не ги потврдува наодите на весникот, според кои, примените пораки го содржеле зборот „крај“ на француски и биле примени три минути пред експлозијата во метро станицата Мелбек во Брисел.
Засега нема детали за идентитетот на вториот уапсен за врски со напаѓачите во Брисел.
Германските безбедносни служби предупредуваат дека со оглед на развиената мрежа на ИД во Европа, не може да се отфрли можноста од нови терористички напади вклучително и на локации во Германија.
Ново на Сител
-
Стефановски го собори македонскиот рекорд во скок со стап, стар 57 години
-
Путин не оди на самиот на БРИКС во Бразил заради опасност од апсење
-
Папа Лав Четиринаесетти: Парите одат кај „трговците со смрт“ наместо во болниците и училиштата
-
Приведени пет лица од Турција на македонско–грчката граница, оствариле нелегален влез во државата
-
Две деца се степале на игралиште во Аеродром
-
Кривична против 46-годишник од Пробиштип, со остар предмет се заканувал на неговата сопруга
-
65-годишна жена од Австралија прегазена во Охрид
-
Кривична против три лица од Струга, физички нападнале малолетник и му нанеле тешки телесни повреди