Апостолова: Важно е што побрзо да се формира влада во Косово и да продолжи дијалогот
Високата претставничка на ЕУ во Косово Наталија Апостолова порача дека конечниот договор Белград-Приштина треба да биде сеопфатен, ефективен, во согласност со меѓународните конвенции и вредностите на Унијата.
– Најважно е косовската влада да се формира што е можно поскоро за да може дијалогот меѓу Белград и Приштина наскоро да биде продолжен, рече Апостолова.
Во интервју за Косово онлајн, таа вели дека новиот висок претставник на Унијата за надворешна политика и безбедност, Жозеп Борељ од Шпанија, која не ја призна независноста на Косово, нема да влијае на иднината на Балканот или на дијалогот Белград-Приштина.
Апостолова го повтори ставот дека Приштина треба да ги укине таксите од 100 отсто и дека српски претставници треба да бидат дел од новата влада.
Ново на Сител
-
Охрид домаќин на финалниот турнир во ракометниот Куп на Македонија
-
Абутовиќ и во новата сезона во дресот на Еурофарм Пелистер
-
Фудбалерките на Љуботен го освоија Купот на Македонија
-
Босна ја освои титулата во АБА 2
-
Папата Лав Четиринаесети го прими Синер
-
Мбапе се запиша во историјата на Реал Мадрид
-
МВР со апел за безбедни матурски прослави
-
457 лица заа 3 години загинале во сообраќајки во Македонија