Свет
13. November 2017 - 23:20

Апелациски суд во Калифорнија делумно одобри стапување во сила на забраната за влез во САД

Апелациски суд во американската сојузна држава Калифорнија дозволи делумно стапување во сила на најновата забрана на претседателот Доналд Трамп, со која Владата може да одбие пристап во земјата на граѓани од шест претежно муслимански земји, ако немаат роднини во САД.

Локалниот Апелациски суд во Сан Франциско делумно го прифати владиното барање за блокирање на одлука на понизок суд, поради која новата забрана беше ставена во состојба на мирување.

Одлуката на Апелацискиот суд се однесува на забраната за државјаните на Иран, Либија, Сирија, Јемен, Сомалија и Чад, но не и за жители од другите две земји од списокот со забрани на Трамп - Северна Кореја и Венецуела.