АПЕЛ ЗА ПОМОШ: Исчезнат е 28-годишниот Миле Тодоров од Неготино
Семејството и полицијата трагаат по 28 годишниот Миле Тодоров од Неготино кој е исчезнат од вчера. Исчезнатото момче во полиција го пријавил неговиот татко.
- На 30.01.2025 во 18.00 часот во Полициска станица Неготино, Д.Т.(60) од Неготино, пријавил дека од семејниот дом се оддалечил неговиот син М.Т.(28), кој имал здравствени проблеми. Се преземаат мерки за пронаоѓање на лицето, велат од МВР за Курир.
Сестрата на Миле во изјава за Фокус вели дека станува збор за одговорна личност, млад спортист, вработен, и семејството вели дека никогаш во минатото не се случило вакво нешто.
-Брат ми вчера замина на работа во Кавадарци, облечен во работничка опрема, со црн елек врз палтото. Висок човек е, со спортска градба. Од она кое го знаеме, му кажал на газдата на компанијата во која работи дека дава оставка, разговарал смирено, а потоа заминал и веќе не знаеме ништо за него, вели за Фокус неговата сестра.
Миле последен пат бил забележан во Марена, околу 10.30 часот. Облечен е во работничко одело,бело палто и црн елек.
Ново на Сител
-
Граѓански протест ,,Кој е следен‘‘ за смртта на Фросина Кулакова во Скопје
-
Тема на денот со Дарко Аврамовски - Коалиција ,,Сите за правично судење"
-
Четиригодишно дете починало во Струшката болница
-
МВР спроведува акција за откривање печатница за фалсификување пари
-
Како возачот што ја прегази Фросина добил телефон во затворот
-
Детектор: Две третини граѓани не веруваат во фер судење во Македонија
-
АХВ уништи 110 килограми болничка храна
-
Власта и опозицијата со обвинувања - Кој е виновен за високите цени