АПЕЛ ЗА ПОМОШ: Да му помогнеме на 39 годишниот Марјан Додевски да замине на лекување
39 годишниот Марјан Додевски боледува од Инвазивен малиген карцином, а лекарите во Македонија се откажале од неговото лекување. За среќа на семејството болницата Анадолу во Турција го преземале ризикот за лекување, но потребни се поголеми финансиски средства кои семејството Додевски не е во можност да ги обезбеди.
Примарниот карцином кај Марјан бил откирен во 2019 година и веднаш опериран, но за жал се појавиле метастази кои не може да се отстранат.
Марјан Додевски има и 6 годишно детенце, а најголема желба му е да може да се грижи за него. Поради големата борба, семејството апелира за помош до сите хумани граѓани кои се во можност да им помогнат на овој пат со донации на телефонскиот број или жиро сметката во прилог.
Може да помогнете на жиро сметка на Комерцијална Банка 300007075278103 или на телефонските броеви 143 424 (Т-мобиле) и 143 488 (А1).
Ново на Сител
-
Пронајдени се планинарите кои се изгубија во тетовско
-
Министерот Муцунски во официјална посета на Република Чешка
-
Во Турција разрешени тројца градоначалници од прокурдска партија, обвинети за тероризам
-
Пелистер со гол во финишот го совлада Вардар
-
Ф1: Верстапен прв низ целта во Сао Паоло
-
Предлог одлуката за избор на членови на ДИК пред Комисијата за прашања на изборите и именувањата
-
Маја Санду победи на претседателските избори во Молдавија
-
Израелците приведоа ирански „оперативец на терористичката мрежа“