Апасиев: Политичките кризи и спорови да се решаваат во Собранието
Се уште не добивме покана за утрешната средба со премиерот Зоран Заев, а доколку добиеме ќе ја прифатиме под услов да се одржи во Собранието, бидејќи сметаме дека институциите се тие каде што треба да се решаваат политичките кризи, а не како што беше досега шетање по викендици и вили, истакна на денешната прес-конференција претседателот на Левица, Димитар Апасиев.
– Сметаме дека тука треба да се решаваат споровите. Веќе покажавме дека имаме капацитет со деблокирањето на Собранието и без помош на странци да ги решаваме политичките кризи. Мислам дека во таа насока ќе продолжи утрешната средба. Доколку добиеме покана, ќе ја прифатиме под тој услов. Се уште немаме добиено официјална покана, рече Апесиев на прес-конференција во Собранието.
Во поглед на пописот, Апасиев посочи, дека е добро што е договорено да биде одложен, но, како што нагласи, тој е одложен само де факто, а де јуре се уште не е одложен.
– Има две варијанти или Собранието да го одложи каде што не би можело да има блокада, бидејќи е со европско знаме. Или во случај да не може тоа да се постигне, мислам дека ќе се оди преку Уставниот суд, односно поништување на законот или негово укинување со времена мерка мораториум, ставање вон сила. Впрочем, таква историја веќе имавме кога се распушти Собранието, па потоа со одложено дејство се обидоа да ја продолжат таа ситуација кога тогашниот пратеник Џафери има поднесено иницијатива што Уставниот суд ја освои. Во овој случај, Левица има поднесено иницијатива. Тоа се двете варијанти. Бидејќи станува збор за закон, не може Владата сама да го одложи, изјави тој.
Апасиев истакна дека нивниот став за законот за државјанство останува ист дека нема да го поддржат во таква формата во која што е.
– Мислам дека и постоечкиот закон е добар закон, меѓутоа ако има такви луѓе и има политичка волја, треба да им се излезе во пресрет, но со точно дефинирани услови, кои ќе видиме кои ќе бидат. Има два паралелни предлози: овој мегаломанскиот предлог на Алијансата и Алтернатива и другиот веројатно ќе биде на Влада врз основа на овие преговори кои ќе бидат утре. Ќе видиме како ќе завршат, дали успешно или не, рече Апасиев.
Ново на Сител
-
Обвинетите имале неуспешен прв обид три дена пред грабнувањето на Вања
-
Во сабота сончево, но студено, во недела пораст на температурите, а од понеделник повремено дожд и снег
-
Мерц е шокиран од Трамп и Путин
-
ДКСК: Патувањето на сопругата на Гаши на НАТО самитот во Вашингтон е законско
-
Одобрени првите кредити на компаниите од унгарскиот заем
-
Пет закони ќе се менуваат за квалитетно да профункционира „Безбеден град“
-
Просечната нето-плата во декември 43 587 денари
-
Тошковски: Јасен е ставот на Владата за разрешувањето на Коцевски