Македонија
3. November 2021 - 10:15

Aпасиев: Калето го дава, Груби не го дава

Претседателот на Левица, Димитар Апасиев вчера во негов стил со доза на сарказам повторно ја коментира оставката на премиерот Зоран Заев. 

„Калето го дава, Груби не го дава“, напиша Апасиев на социјалните мрежи.

Тој претходно го нарече Заев пишман аџија. 

Инаку, вицепремиерот Артан Груби рече дека оставката на Заев била избрзана. Коалиционите партнери на СДСМ вчера потврдија дека мнозинството е стабилно и дека на Македонија не и се потребни предвремени избори.