Апасиев: И пред очите на јавноста и зад затворени врати во Собранието се одвива војна
И пред очите на јавноста и зад затворени врати во Собранието баш се одвива војна, изјави Димитар Апасиев, пратеник во Собранието и лидер на политичката партија во своето гостување во Тема на денот на ТВ Сител.
- Има една изрека „Војна на секој против секого“ во случајов не е така туку војна на сите против Левица, бидејќи и ДПМНЕ учествува во таа кампања. Гледате дека најголемите зулуми не поминуваат без учество на ДПМНЕ од пописот, до она што го ветираше Пендаровски, Законот за дивоградби беше договорен, овој за автопатот исто така договорен. Значи, сите овие големи скандали не поминуваат без колаборација на ДПМНЕ и единствени кои го креваат гласот внатре се пратениците на Левица, затоа на сите сме им трн во окото и затоа сите оружја се вперени кон Левица, додава Апасиев.
Ново на Сител
-
Дачиќ: Резолуцијата за Сребреница не е правно обврзувачка
-
Ја вознемирувал поранешната партнерка и непочитувал судска мерка, уапсен неготинец
-
Без струја утре делови од Ѓорче Петров и Карпош
-
Голема тепачка меѓу навивачи на Олимпијакос и Панатинаикос во Берлин
-
„Од Битола до Вевчани се сардисано“ - годишен концерт на КУД „Дримкол“ Вевчани
-
Млад возач на „јамаха“ заврши во болница по судир со „пежо“
-
Му упаднал дома го истепал и му го украл телефонот, уапсен велешанец
-
Украина: Уништени 12 проектили и 31 беспилотно летало за време на руските воздушни напади ноќеска