Македонија
3. December 2020 - 14:42

Апасиев: Филибастеринг за да се спречи противуставниот Деловник за онлајн работа на Собранието

Лидерот на Левица и пратеник Димитар Апасиев по бројните и жестоки реакции од власта за амандманите кои ги поднесе опозициската партија за измените на Деловникот за онлајн работа на Собранието објаснува дека се решиле за филибастеринг за СДСМ и ДУИ да не прошверцуваат противуставен Деловник.

„СДС на Нашата Земја, во соработка со ДУИ, се обидуваат да прошверцуваат противуставен Деловник за онлајн работа на Собранието, со единствена цел - да може полесно да го ратификуваат евентуално склучениот квислиншки АНЕКС-ДОГОВОР со Бугарија, со кој тотално се негира македонскиот јазик, нација и идентитет!

Пратениците на Левица се решени дека тоа нема да го дозволат и затоа се одлучија да го блокираат процесот со амандмански ФИЛИБАСТЕРИНГ.
Во меѓувреме, во јавноста процурија и следниве амандмани на „безобразните опозиционери“ 
#СмртНаФашизмот
#СлободаНаНародот“, напиша Апасиев на Фејсбук.