Македонија
16. July 2020 - 15:14

Апасиев: Алијанса на Албанците со 72.000 гласа има 12 пратеници а Левица со 37.000 2 пратеника

На денешната прес-конференција претседателот на Левица Димитар Апасиев истакна дека овој изборен модел ја фалсификува вољата на граѓаните.

Еден пратеник на ВМРО-ДПМНЕ И СДСМ чини околу 7000 гласа, а еден пратеник на Левица чини скоро 19 000 гласа односно два ипол пати повеќе. Алијанса и Алтернатива кои имаат два пати повеќе гласови од Левица имаат 6 пати повеќе мандати или 12 вкупно.

Апасиев посочи дека овој модел е шизофрен модел кој не може да опстои и ќе биде првиот Закон кој ќе предложат да се смени.