-->
-->
АО: Серена продолжува со победите
-->
Серена Вилијамс, Џоана Конта, Каролина Плишкова и Мирјана Лучиќ-Барони се пласираа во четвртфиналето на Аустралијан Опен.
Најголемата фаворитка на тунрниот Серена Вилијамс меѓу осумте најдобри стигна по триумфот над 30-годишната Барбара Стрицова со 7:5, 6:4. Серена 47-ми пат во кариерата ќе игра четвртфинале на некој грен слем турнир, а во Мелбурн се обидува да ја освои 23-та грен слем титула.
Американката во четвртфиналето ќе игра против Британката Џоана Конта, која исто така во два сета ја елиминира Екатерина Макарова од Русија. Конта која минатата година играше полуфинале во Мелбурн, против Русинката славеше 6:1, 6:4.
Меѓусебно четвртфинале, во два сета, изборија Хрватската Лучиќ-Барони и Чехињата Плишкова.
Ветеранката Лучиќ-Барони, наскоро ќе наполи 35 години, ја победи 14 години помладата Американка Џенифер Брејди со 6:4, 6:2, додека Плишкова против Дарија Гаврилова ги доби со идентични 6:3.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Ќе има ли јагнешко за Велигден и по која цена?
-
Tема на денот со Михајло Лахтов, експерт за медиуми
-
Загрижувачки пораст на респираторните заболувања - околу 1000 случаи годишно со рак на белите дробови
-
Кој краде на Клиниката за онкологија – Два инциденти за 6 дена
-
Судењето за убиството на Вања продолжи со испрашување на таткото
-
Коалицијата „Вреди“ ги пегла разликите
-
Бока: Интеграцијата на Македонија во ЕУ е незавршен процес
-
Опозицијата контра именувањето на Богојески, за власта битна ќе е неговата работа, а не коментари