-->
-->
АО: Роже и Серена во 3. коло
-->
Третиот носител на Австралија Опен, Роџер Федерер, лесно избори пласман во третото коло на првиот Грен слем во сезоната. Швајцарецот, благодарение на одличниот сервис славеше над Украинецот Александар Долгополов со 6:3, 7:5, 6:2.
Федерер против Долгополов имаше 25 ас сервиси и ја забележа 299-та победа на некој од Грен слем турнирите. Федерер имаше 38 винери и 26 неизнудени грешки, додека тој однос кај Украинецот изнесуваше 24 директни поени и 38 неизнудени грешки.
Федерер во наредното коло ќе игра против Бугаринот Григор Димитров кој во четири сета го победи Аргентинецот Трунгелити.
Второто коло во три сета го минаа Чилиќ, Нишикори, Бердих и Тим, додека максимални пет сета за пласман во третото коло мораа да одиграат Баутиста против Лајовиќ, односно Жил Симон против Донској.
Кај дамите, првата носителка, Серена Вилијамс, рутински славеше над Су Веј Хсје со 6:1, 6:2. Серена во наредната рунда за противничка ќе ја има Дарја Касаткина која со 6:4, 6:3 славеше во дуелот со Ана Коњух.
Сигурни победи во второто коло забележаа Бондаренко која ја елиминира Кузњецова, односно Шарапова, Винчи, Бенчиќ и Суарез Наваро.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Управен суд ги одби како неосновани сите седум тужби од „Европски фронт“
-
Во поплавите во централен Авганистан загинаа најмалку 50 луѓе
-
Северна Кореја тестираше тактички балистички ракети со нов систем за наведување
-
На аеродромот во Минхен приведени осум климатски активисти
-
Предложен притвор за осомничен за двојно убиство во Стајковци
-
Мицотакис: Новата Влада да го користи само името Северна Македонија во и вон земјата
-
ИДФ: Во нападот врз Џенин елиминиран „влијателен екстремист“
-
Баку: Франција да престане со неоснованите тврдења против Азербејџан