Тенис
20. January 2016 - 19:41

АО: Победи за Ѓоковиќ и Федерер

Првиот носител во машка конкуренција Новак Ѓоковиќ обезбеди учество во 3.коло на првиот годинашен грен слем Австралија Опен. Најдобриот светски рекет и бранител на трофејот, во последниот денешен меч го победи францускиот тенисер Квентин Халис со 3-0 (6:1; 6:2 и 7:6).

Во следната фаза на турнирот во Мелбурн се пласира и Роџер Федерер кој беше поуспешен од Украинецот Александар Долгополов исто така во три сета со 6:3, 7:5, 6:2. За швајцарскиот тенисер ова беше 299.

Второто коло по максимална победа во три сета го минаа и: Марин Чилиќ, Кеи Нишикори, Томаш Бердих и Доминик Тим, Андреас Сепи, Пјер Херберт, Жо-Вилфред Цонга, Ник Киргиос.

По еден сет загубија Гарсија-Лопез, Григор Димитров и Давид Гофин, додека максимални пет сета за пласман во третото коло мораа да одиграат Роберто Баутиста, Федерико Делбонис и Жил Симон.