АО: Надал елиминиран од Тим
Првиот носител на Австралија опен Рафаел Надал доживеа елиминација од турнирот. Него во четврт-финалето го победи Доминик Тим. Австриецот со оваа победа му се реваншира на Шпанецот за поразите во последните две финалиња на Ролан Гарос.
Неверојатно драматичен меч, кој траеше четири часа и 14 минути, во четврт-финалето одиграа Надал и Тим. Австриецот во четири сета 7/6, 7/6, 4/6, 7/6 го елиминира првиот носител.
Тим успеа да се справи со предизвикот Надал, иако во првите два сета Шпанецот прв успеваше да направи брејк.
Австриецот во првиот сет возврати во десеттиот гем, кога Надал сервираше за освојување на сетот, додека во вториот брејк направи во осмиот гем.
Во првите два сета Тим блекаше во тај-брејкот, во првиот сет Надал освои три, а во вториот четири поени.
Соочен со елиминација Надал заигра не се или ништо во третиот сет, упорноста му се исплатеше успеа да да му го одземе сервисот на Тим во десеттиот гем.
Вистинска драма го обележа четвртиот сет. Во раната фаза Тим направи брејк, при резултат 5:4 Австриецот сервираше за победа, меѓутоа Надал се врати на волшебен начин израмни на 5:5, а потоа сетот стигна и до 13 игра.
Надал успеа да спаси две меч топки при резултат 6:4, но немаше сили да направи уште едно чудо, Тим беше сигурен во наредните два поени со што го освои мечот.
Елиминацијата на Надал значи дека тој може да остане без првото место на АТП листата по грен-слемот во Мелбурн. Услов за тоа да се случи е Новак Ѓоковиќ да ја обрани титулата.
Тим во полу-финалето ќе игра против Александар Зверев.
Ново на Сител
-
ЦУК: Активни шест пожари, изгаснати три
-
Алкалоид против Хановер во баражот за групната фаза во Лига Европа
-
Лошиот квалитет на водата ги одложи маратонските трки на СП
-
Баро: Ќе воведеме санкции кон Иран ако до август нема напредок во нуклеарниот договор
-
Граѓанската иницијатива Зелен хуман град ја поздрави пресудата за убиството на кучето Феликс
-
Приведено едно лице од Куманово поради управување моторно возило под дејство на алкохол
-
Во Србија од октомври го зголемуваат минималецот на 500 евра
-
За кокаин и убиства по нарачка шестмина членови на криминалната група Грчец осудени на вкупно 50 и пол години затвор