-->
-->
АО: Мареј се избори за реванш со Ѓоковиќ
-->
Енди Мареј, во реприза на минатогодишното финале, ќе му се спротивстави на Новак Ѓоковиќ во мечот за титулата на Австралија Опен. Мареј, во полуфиналето со пресврт, го совлада Милош Раониќ 4:6, 7:5, 6:7, 6:4, 6:2, по четири часа и четири минути игра.
Мареј петти пат ќе игра во финалниот меч на Астралија Опен и ќе се обиде да ја освои својата прва титула, тој ги има загубено финалните мечеви во 2010, 2011, 2013 и 2015 година. Првото свое финале во Мелбурн го загубил од Федерер, а преостанатите три од Ѓоковиќ.
Финалето на Род Лејвер Арена ќе биде 31-от дуел меѓу Ѓоковиќ и Мари, српскиот тенисер води со 21-9, а на тврда подлога резултатот е 18-7.
Од почетокот на мечот Раониќ беше играчот кој го контролира резултатот и кој внесуваше повеќе ризик во својата игра. Канаѓанецот направи брејк во првиот гем, Мари доби три брејк топки во вториот, кои не ги искористи, по што Раониќ во десеттиот гем сервираше и го освои првиот сет.
Борбата која ја наметнаа од стартот продолжи и во вториот сет, двајцата тенисери беа сигурни на свој сервис, Раониќ ја реметеше играта на Мари со честите излегувања на мрежа, но и покрај тоа двајцата го чуваа својот сервис се до 11-от гем. Раониќ сервираше, Мари ја почувствува својата шанса, заигра поагресивно и успеа да го освои сетот со 7:5.
Најголемата борба се одвиваше во третиот сет, во која имаше само една можност за брејк (Раониќ). Откако никој не попушти во играта, сетот влезе во тај брејк, каде пресуди сервисот на Раониќ, кој поведе со 2:1 во сетови.
Најначајниот момент во четвртиот сет се случи во седмиот гем, кога Мари успеа да му го одземе сервисот на противникот. Имаше шанса Раониќ веќе во наредниот гем да направи ри-брејк, но по осум минути борба Мари успеа да поведе со 5:3. До крајот на сетот, Мари пропушти сет топка на 5:3 и сервис на Раониќ, но потоа Британецот сигурно го одигра својот сервис гем (6:4) и израмни во сетови на 2:2.
Загубениот сет, лошо делуваше врз Раониќ, а дополнителни ја крена самодовербата кај Мари, кој експресно во петтиот сет стигна до предност од 4:0, а потоа и до победа.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Тема на денот со проф. д-р Кети Ставриќ, имунолог
-
Пукале петарди и палеле жижици: Тројца малолетници го предизвикале големиот пожар кај Расадник
-
Критично кај Мариово
-
Премиерот објавува намалени цени во дел од книжарниците, граѓаните се жалат дека нема намалување
-
Реформа во образованието: Децата ќе остануваат подолго во училиште, ќе имаат многу спорт, интерактивна настава...
-
Потврден случај на морбили кај 12 годишно дете од Петровец – заразата е увезена од Србија
-
Нова серија обвинувања помеѓу ВМРО-ДПМНЕ и СДСМ – имаат ли некаков ефект?
-
Прием за Денот на независноста