Антовски: Граѓаните се смрзнуваат, власта тера пи-ар
Во економијата, во финансиите и бизнисот нема половични решенија, во случајов, или владата ќе плати за гас, или ќе ги остави радијаторите студени! Се друго е евтин партиски пи ар, политички купи ден продај, да потсетиме во време на актуелна кризна состојба заради лукративност и неспособноста.
Граѓаните се смрзнуваат, тие тераат пи-ар. Популистичките полумерки нема да ги решат проблемите. Исто како и за струјата, сега се нудат половични решенија за централното греење. Во економијата, финансиите, бизнисот нема половични решенија- во случајов, или владата ќе плати за гас, или ќе ги остави радијаторите студени! Се друго е лага!
Лукративноста и неспособноста на СДСМ ДУИ ја втурна државата во енергетска и финансиска криза, граѓаните плаќаат скапи енергенси, фирмите и општините многукратно повеќе. Лукративноста и неспособноста за струјата ги осиромашува и граѓаните и општините. И сега дополнително се нуди половично решение за греењето на гас.
Барајќи од општините и градот Скопје да плаќаат за да го спасуваат парното во Скопје, уште еднаш покажаа дека се целосно изгубени од реалноста. Ги потсетуваме, тоа се истите општини и градот Скопје, кои СДСМ поради неспособност да ја решат енергетската криза, ги втурнаа во банкрот.
Фалејќи се дека се справиле со кризата со електричната енергија, за која милуваат да кажат дека не ја покачиле цената на струјата за повеќе од 30-40 %, ама затоа од Буџетот ќе испумпаат 200 милиони евра за компанијата АД ЕЛЕМ. Истите тие ги заборавија и општините и компаниите и сите оние кои се на слободниот пазар, иако прогласија енергетска кризна состојба до јуни 2022 година. Ама за да им бараат пари на општините и градот Скопје, не ги заборавија.
Почитувани,
Не постои сегмент во енергетиката кој СДСМ не го уништи, почнувајќи од електричната енергија, гасот и топлинската енергија.
Едно е јасно, со ваква власт се уништува енергетиката во Македонија во секој сегмент. Потребни се итни предвремени парламентарни избори за заминување на СДСМ од власт . Сето ова е потребно бидејќи во енергетиката се наталожија толку многу проблеми кои што СДСМ не се способни да ги решат.
СДСМ може само да креира проблеми, но не и да понудат решенија.
Со СДСМ Македонија нема иднина.
Ново на Сител
-
Руските специјални сили пробија гасовод во обид да ги изненадат украинските сили
-
Барселона одби 100 милиони евра за Рафиња и му нуди нов договор
-
Лекорни: Франција ќе ја користи каматата од замрзнатите руски средства за вооружување на Украина
-
Малолетник пријавен во полиција во Неготино, физички нападнал момче
-
Жан-Ноел Баро: Путин покажува „голема грозница“ и сака да избегне мир
-
Утрe штрaјк нa врабoтените на аеродромите во Германија, аеродромот во Хамбург веќе е затворен
-
Во сообраќајка повредени двајца малолетници од село Милетино
-
Турските власти приведоа повеќе од 100 лица на Меѓународниот ден на жената