Антонов: САД го трасираат патот кон третата светска војна
Рускиот амбасадор во Вашингтон, Анатолиј Антонов, денеска изјави дека дискусијата за можноста Вашингтон да му дозволи на Киев да користи американски ракети за да ја нападне руската територија, ја турка Украина да ги засилува своите напади врз цивилите, а САД со таквите акции го отвора патот за почетокот на трета светска војна.
„Американската администрација упорно ги игнорира интересите на Русија. Денес се повеќе се зборува за можноста за гранатирање на руска територија со оружје со долг дострел. Само неколку политичари ја споменуваат можноста за трета светска војна, за која овдешните власти го трасираат патот“, наведе Антонов во пораката на руската дипломатска мисија во САД.
Амбасадорот нагласи дека САД сè повеќе учествуваат во конфликтот во Украина, „прогресивно навлекувајќи се се’ подлабоко во мочуриштето“ на овие непријателства.
Антонов оцени дека САД изразуваат „подготвеност да ја жртвуваат благосостојбата на американските граѓани“ со пренесување на оружје и муниција во Киев во вредност од неколку милијарди долари.
„Киев е фокусиран на интензивирање на нападите врз обичните Руси, нашите градови и села. Никој веќе не крие, дури и на највисоко ниво во Белата куќа, дека разузнавачките информации течеле и продолжуваат да течат како река од САД до Киев“, рече дипломатот, пренесуваат руските медиуми.
Освен тоа, продолжи Антонов, едноставно се премолчуваат предупредувањата на бројни американски воени и политички експерти дека е невозможно украинскиот претседател Володимир Зеленски да ги постигне своите цели со помош на балистички ракети ATACMS или друго оружје со долг дострел.
Ново на Сител
-
Наутро студено, во текот на денот сончево
-
Муртезани: Предвремени избори при стабилна влада се несериозни изјави за дневна политика
-
Бројот на загинатите во Либан од почетокот на конфликтот меѓу Израел и Хезболах е над три илјади
-
Дала воена информација на Русија: Украинка осудена на 15 години затвор под обвинение за предавство
-
Совет за безбедност: Состојбата во земјата е стабилна, надлежните институции редовно ги следат состојбите во државата
-
71-годишен маж од Делчево нападнал дете
-
Скопјанка нападната во казино во Шутка
-
Баба и млад скопјанец се судриле со автомобилите, па физички се пресметале