Џет-Сет
11. јуни 2016 - 11:36

Антониа ја стресе салата во „Пинкови ѕвездички“ – Ја споредија со Витни Хјустон

Антониа Гиговска ја одбра песната „Listen“ од Бијонсе, а жирито ја спореди со светски познати пејачки.
 
„Ова е лудило“ – изјави Јелена, а Милан ја спореди со големи пејачки како Витни Хјустон и Мараја Кери.
 
„Ова е многу сериозен начин на пеење“ – изјави Гоца, а Хари немаше ништо да додаде. Едноставно беше без зборови.
 
„Уште од самиот почеток ти си сериозен кандидат, со тебе нема шегување“ – заклучи Леонтина.
 
Погледнете го нејзиниот настап.