Антивладини протести на опозицијата во Албанија
Опозицијата во Албанија ги почна денешните протести со барање за формирање техничка влада, која ќе ја води земјата и ќе овозможи одржување слободни и фер избори на 18 јуни.
Неколку илјади поддржувачи на опозицијата преминаа по пат од 300 метри од централниот булевар во Тирана до канцеларијата на премиерот Еди Рама, обезбедувани од стотици полицајци. Повеќе улици привремено се блокирани.
Љуљзим Баша, лидер на главната опозициска Демократска партија беше придружен од неговата сопруга и двете ќерки.
- Нема да има избори без опозиција. Ќе има избори само со техничка влада, рече тој и предупреди дека ќе има уште „еден последен протест“.
Опозицијата го бојкотира Парламентот од февруари и постави шатори пред канцеларијата на Рама. Опозицијата тврди дека Владата на Рама ќе прави изборни манипулации.
Опозициските политички партии не се регистрираа за изборите на 18 јуни, но исто така се заканија дека избори нема да има без нив.
Ново на Сител
-
Сиљановска Давкова: Разговорот со Радев беше пријателски и со почит, ни за миг не ги заборавив македонските национални интереси
-
Дел од општина Центар утре без вода
-
САД со санкции против конзорциумот Intellexa кој продавал шпионска технологија на авторитарните режими
-
Бугарскиот амбасадор ја одбил протестната нота, усно изразена загриженост поради отстапувањето од договорениот протокол и побарано дополнително објаснување
-
Бајден: На американската тајна служба и треба повеќе помош и работна сила
-
Градоначалникот на Белград повторно зборува за селење на гробот на Тито од Куќата на цвеќето
-
Осомничениот за обидот за убиство на Трамп пред федералниот суд на Флорида
-
Тепачка помеѓу две сестри во Скопје