Македонија
2. December 2020 - 21:27

Антикорупциска ќе проверува како ќерката на Караџовски добила работа во ИЈЗ

Антикорупциска ќе истражува како и кога во ИЈЗ била вработена ќерката на Жарко Караџовски, откако таа оваа информација вчера ја објави на фБ. Комисијата ќе проверува и дали има судир на интереси што таа е задолжена да ја објавува дневната ковид статистика кога нејзиниот татко претседава со комисијата за заштита од заразни болести. Ако има прекршувања на законот ќе има и постапката, посочуваат од антикорупциска.

По вчерашниата објава на Караџоска во која ги навредува новинарите, таа денеска била повикана на разговор кај директорот на ИЈЗ Шабан Мемети. Тврдела дека тоа е личен став и го направила од лични причини, а утрово ги избришала сите навредливи статуси.  

Постапката за вработување на Караџовска денес ја проверувал и вице премиерот за борба против корупција и криминал. Од неговиот кабинет информираат дека работата ја добила во 2014 година, а во тој период тврдат дека нејзниниот татко не одлучувал за вработувања.

-Политиката на Владата на РСМ е јасна кога се во прашање новинарите, тие се наш партнер и нивната работа и известување се особено важни во овој период на пандемија, и оттаму го осудуваме секој обид да се попречи нивната работа, изјави Николовски за Сител.

Навредите на Караџовска кон професијата предизвика реакции и осуда  од сите новинари. Осуда простигна и од ЗНМ.

 2020 е лоша година за новинарската фела, 14 сериозни инциденти регистрирале во ЗНМ меѓу кои и закани по живот. Загрижувачки според нив е што институциите не ги казнуваат ваквите напади, само за еден случај има правосилна  судска пресуда. Во најголем број биле напаѓани жени новинари.