Македонија
20. July 2024 - 16:31

Антикорупционерите бараат дипломатски пасош, МНР вели не им следуваат

Министерството за надворешни и антикорупциска со различно толкување кому следува дипломатски пасош. Откако јавноста дозна дека првата антикорупционерка зела син пасош додека министер бил Бујар Османи, сега од министерството за надворешни и трговија велат дека членовите на ДКСК немаат право на таква патна исправа. Дали дипломатски пасош освен претседателката ќе добијат и останатите членови на антикорупцсика кои веќе побарале, од МНР велат дополнително ќе се одлучува.

 „Членовите на оваа Комисија не влегуваат во категоријата на лица кои согласно со актите кои го регулираат ова прашање имаат задолжително право на дипломатски патни исправи, но истовремено, на одредени категории, доколку Министерот процени дека има потреба, Министерство има право да издаде дипломатска патна исрпава. Во однос на останатите членови на ДКСК, Министерот за надворешни работи и надворешна трговија ќе направи дополнителни консултации со цел да биде донесена соодветна одлука, односно дали постојат оправдани причини и тие евентуално да добијат дипломатски или службени патни исправи“, велат од Министерството за надворешни работи и надворешна трговија.

Претседателката на Анткорупциска вчера во изјава за Сител рече дека бараат дипломатски пасош бидејќи често патувале надвор од државата. По бурните реакции во јавноста, Државната комисија за спречување на корпуцијата денеска преку соопштение даде отчет за петмесечната работа на новиот состав, во кое велат дека водилка ама и морална вертикала за нивната работа ќе бидат само успешно завршените предмети..Наведуваат дека дипломатски пасош им следувал бидејќи се избрани функционери, а документот не го сметале за привилегија, туку право. Тврдат дека немало да го користат за приватни патувања.. Го повикаа министерот за надворешни да го прочита законот за издавање дипломатски пасош.

„Дипломатски пасош според закон не е привилегија, туку е само право кое служи единствено за извршување на службенаа должност на членовите на ДКСК и тоа право никогаш нема да се употребува за приватни цели.. Ова право не си го доделува самата ДСКС туку законот кој го донел парламентот и министерот кој е овластен со процедура според законот. За да нема дилеми, новиот министер за надворешни да ја преиспита одлуката за дипломатски пасоши на ДКСК, а исто така и пратениците самиот закон доколку сметаат дека има потреба од тоа“, велат од ДКСК.

Антикорупциската во соопштението тврдат дека дипломатски пасош им следувал според Законот за патни исправи според кој службена патна исправа следи на избрани и именувани лица, раководни државни службеници и раководни работници во државни органи..

Меѓу објаснувањето за пасошите и отчетот за сработеното, новиот состав ги напаѓа и своите претходници. Поранешната претседателка давала паушални изјави за предметите и тоа не било мерило за успешност. Направиле ревизија за работата на минатиот состав, а откако ќе го презентирале во јавноста, очекуваат да се заинтересираат и надлежните институции.