Ансамблот „Тримери“ од Струмица одбележа 10 години постоење
Ансамблот „Тримери“ од Струмица со два ипол часовен концерт во салата на Центарот за култура „Антон Панов“ во тој град одбележа 10 години постоење.
Пред струмичката публика стотината членови на ансамблот, поделени во групи од 5 до 70 години, ги одиграа кореографиите „Повардарие“, „Калајџиско“, „Мариовска тресеница“, „Женско чамче“, „На мегдан“, „Жетварки“, „Пиринско пролетно цвеќе“...
-Во овие десет години постоење, нашиот ансамбл има 31 патување надвор од Македонија. Преку 600 настапи во Македонија. Добитници сме и на три годишни општински награди во 2007, 2013 и 2015 година. Ансамблот „Тримери“ низ децениското работење помага многу во зачувувањето на традицијата и македонскиот мелос. Тесно соработуваме со сите институции, од Завод и музеј Струмица до етнолозите, за доследно пренесување на културно-историското и духовно минато на македонското традиционално богатство, истакна Александра Тодорова од ансамблот „Тримери“.
Во рамки на јубилејот, во фоајето на Центарот за култура „Антон Панов“ поставена е изложба во која низ антиквитети, фотографии, документи се раскажува приказната на мисијата на струмичкиот ансамбл.
Оттаму посочуваат дека голем е интересот кај младите за запознавање, изучување и зачувување на македонската традиција и културно богатство.
Играорците и музичарите од ансамблот „Тримери“ утревечер во 20.30 ќе имаат уште еден настап на градскиот плошдад во Струмица.
Ново на Сител
-
Турција ги затвори пристаништата за израелските бродови
-
Кривична против двајца поранешни раководители на АД Пошта за „несовесно работење во службата
-
Службеник од општина Шуто Оризари присвоил од општинскиот буџет 3.600.000 денари
-
Запленета поголема количина цигари без бандероли и дробен тутун во Тетовo, приведени две лица
-
Ѓорѓиевски: За 20 дена ќе биде готова новата градинка во населеното место Потстаница во Драчево со капацитет за 75 деца
-
Ангелов: Се става под контрола пожарот кај бараките „лепенки“ во Карпош, нема информации за повредени
-
Гори поранешен објект на Макотекст фирмата | ВИДЕО
-
Росатом: Рускиот нуклеарен „штит“ треба да се зајакне во наредните години