Свет
17. November 2015 - 12:10

Анонимусите го исполнија ветувањето и жестоко ја нападнаа Исламската држава

Хакерската организација „Анонимус“, после страшните терористички напади во Париз во кој загинаа 129 лица им објави војна на ИСИЛ.
 
Имено, вчера се хакирани скоро 1000 профили на Твитер кои се поврзани со оваа терористичка организација.
 
Хакираните профили се објавени на интернет страната 4chan.org.
 
„Очекувајте не сите вие кои ги поддржувате ИСИЛ. Ние сме Анонимуси. Не простуваме, не забораваме...очекувајте не, - стои во пораката која е објавена на Интернет.