Анкета: Само четири партии би влегле во Парламентот на Србија
Српска Напредна партија (СНС) има најголема доверба кај граѓаните на Србија, покажуваат резултатите на најновата анкета изработена од агенцијата „Фактор плус“.
СНС има доверба од 52,1 отсто од анкетираните граѓани.
Прагот за влез во Парламентот, според анкетата го поминаа само три партии Социјалистичка партија на Србија (СПС) со поддршка од 9,2 проценти, Демократска партија - 7,9 и Движење на слободни граѓани - седум отсто.
Според резултатите од испитувањето на јавното мислење, националистичкото движење Двери (2,8 проценти) не би влегло во Парламентот, Српска радикална странка (четири отсто), Движење на обединети пензиоери (3,1 проценти), како и Социјалдемократската партија на Србија (2,8 отсто).
На прашањето ако сега би биле изборите 40 проценти од граѓаните изјавииле дека ќе гласаат, а 20 отсто дека се уште не одлучиле дали ќе гласаат или не.
Со анкетата на „Фактор плус“ се опфатени 1.200 граѓани. Анкетата е изработена по телефон во август.
Ново на Сител
-
Шарпланинецот Љубо од одгледувачницата на прилепското семејство Каравилоски стана светски шампион
-
Преглед на вестите од светот
-
Велика сабота - ден пред Велигден
-
Тема на денот со Христијан Мицкоски, претседател на ВМРО-ДПМНЕ
-
Велика сабота - ден пред Велигден
-
Македонија одбележува 121 година од смртта на Гоце Делчев
-
Велика сабота - ден пред Велигден
-
Димитар Апасиев за изборната програма и ветувањата на Левица