Анкета: Повеќето здравствени работници од Хрватска не сакаат да се вакцинираат
Пoдатоците од анкетирањето на вработените за вакцинација, кое трае во болниците во Хрватска од минатата недела, покажуваат дека помалку од половина од лекарите сакаат да се вакцинираат, пишува „Јутарњи лист“.
На пример, во Универзитетскиот болнички центар Загреб, помалку од половина од лекарите се изјасниле за вакцинација, но затоа повеќе од 60 отсто од медицинските сестри ги дале своите потписи за вакцинација. Во болницата „Свети Дух“, ситуацијата е обратна и повеќе лекари се склони на вакцинирање. Половина од вработените во КБЦ „Сестри милосрдници“ би биле вакцинирани.
Хрватскиот институт за јавно здравје верува дека овие бројки ќе се зголемат кога ќе пристигне вакцината, иако годишната вакцинација против грип не влева оптимизам бидејќи одѕивот на здравствените работници бил релативно мал.
Се чини дека расположението на здравствените работници за вакцинација во Хрватска е слично на она во другите земји. Вакцинацијата со вакцините на „Фајзер“ и „Бајонтек“ е во тек во Велика Британија, а слични анкети покажаа дека би биле вакцинирани 4-10 вработени во здравствените установи.
Затоа се зголемува дебатата на глобално ниво дали треба да биде задолжително вакцинирањето на оние кои во својата работа можат да ја пренесат болеста на други, пишува „Јутарњи лист“.
Ново на Сител
-
Источниот дел на САД покриен со дебела маглива прекривка, многу активности откажани
-
Во Белград денеска нов протест „Србија против насилството“
-
На 2,8 отсто намалена инфлацијата во Грција, но цените на прехранбените продукти остануваат висок
-
Ајкула нападна и уби Русин во Хургада | ВИДЕО
-
ЈСП: Бесплатен јавен превоз за летниот распуст за средношколците
-
Лајмер нов играч на Баерн
-
Мечка спасува мече од реката Пена кај Бродец | ВИДЕО
-
Интер Мајами ден по трансферот на Меси ги продаде сите билети до крајот на сезоната