Анкета: Повеќе од 70 отсто Американци имат негативен став кон Кина
Според најновата анкета на истражувачкиот центар „Пју“, повеќе од 70 проценти Американци имаат негативен став кон Кина, многумина пак ја обвинуваат оваа земја за ширење на коронавирусот низ целиот свет.
Ова е рекорден индикатор за негативни став кон Кина, укажаа од „Пју“.
Од анкетата се дознава дека повеќе од три четвртини на испрашани, поддржувачи како на републиканците така и на демократите, сметаат дека САД треба да ги заштитуваат човековите права во Кина па дури и по цена на економските односи меѓу двете земји.
Анкетата е спроведена во време на заострување на позицијата на Администрацијата во Вашингтон кон Пекинг.
Прашањата поврзани со Кина се актуелни за избирачите во период кога земјата се подготвува за престојните претседателски избори.
Ново на Сител
-
Северна Кореја тестира стратешки крстосувачки ракети море-земја
-
САД не ја прекинаа воената помош за Украина, рече Зеленски
-
„Немам кислород“ – низа протести во Грција за железничката несреќа кај Темпи по новите докази објавени во медиумите
-
Најмалку 70 загинати во напад врз болница во Судан
-
Променливо облачно со сончеви периоди, во среда повремени врнежи од дожд
-
Македонија поразена од фаворитот Франција во Вараждин
-
Унгарија посилна од Катар, Македонија нема да игра четвртфинале
-
Поради магла откажани дел од летовите на Скопскиот аеродром