Анкета на ИПСОС покажува водство на ВМРО-ДПМНЕ
Ако утре се одржат предвремени избори 18,2% од граѓаните ќе гласаат за ВМРО-ДПМНЕ, покажува најновата анкета на агенцијата ИПСОС.
9,5% се изјасниле за СДСМ, за ДУИ ги гласеле 4,1%, а за Левица 4%.
Рејтинг под 4 проценти имаат Алијанса за Албанците, БЕСА, Алтернатива, ДПА и ЛДП. Според анкетата високи 25% од граѓаните одговориле дека нема да гласаат на избори.
На прашањето на кој политичар највеќе му верувате, 9% одговориле Христијан Мицкоски, претседателот Стево Пендаровски има рејтинг од 6%, а премиерот Димитар Ковачевски 4 проценти. По 3 проценти рејтинг имаат Апасиев и Ахмети, а по 2 проценти Села и Зоран Заев.
Во екот на засилените преговори со Бугарија и најавениот напредок во разговорите, анкетата на ИПСОС покажува дека речиси 40% од граѓаните сметаат дека Македонија треба да бара реципроцитет во разговорите со Бугарија.
20 проценти од граѓаните пак сметаат дека Македонија треба да ги вклучи Бугарите во Уставот, но само ако Бугарија писмено гарантира дека ќе го тргне ветото и државата ќе ги почне преговорите со Европската унија. За 10 проценти од граѓаните пак ваквите условувања не се потребни.
Анкетата на ИПСОС е спроведена за потребите на ВМРО-ДПМНЕ теренски во периодот од 2 до 16 март годинава врз 1007 испитаници.
Ново на Сител
-
Најмалку 51 лице загинаа во монсунските дождови во Индија, 22 се водат како исчезнати
-
Две лица починаа поради топлотниот бран во Франција
-
Битолчанка лажно се претставила како вработена во МВР и измамила сограѓанин за 22 500 евра
-
Турските власти запленија 825 килограми хероин во операција во Адана
-
Без вода неколку улици во Скопје поради дефект
-
Жена нападната од мечка на шумски пат во тетовско
-
Електронски ќе се пријавуваат неправилности во здравството
-
Доаѓа топол бран - од утре до средината на следната седмица температури и над 40 степени