Македонија
3. September 2015 - 13:46

Анкета: Македонските граѓани одобруваат легализација на марихуаната

Дури 70 отсто од македонските граѓани одобруваат легализација на марихуаната за медицински цели, а 28 отсто се против. Општата легализација на марихуаната, пак, ја одобруваат само 34 отсто од граѓаните, додека 63 проценти се противат.

Ова го покажуваат резултатите од  теренската анкетата што од 15 јуни до 15 јули годинава ја спроведе агенцијата за истражување на пазар и јавно мислење М-Проспект, врз репрезентативен примерок на граѓани.

Во анкетата граѓани од сите возрасти одговараа на прашањата: Дали мислите дека употребата на медицинска марихуана треба да биде легална, или не? и Дали мислите дека употребата на марихуана треба да биде легална, или не?

Од оние што се за легализација на марихуаната за медицински потреби 71 отсто се мажи, а 70 отсто жени, додека против општа легализација се 36 отсто од мажите и 31 отсто од жените.