Анкета: Граѓаните на многу американски сојузници имаат повеќе доверба во Путин, отколку во Трамп
Владимир Путин е поприфатлив светски лидер од Доналд Трамп, сметаат граѓаните на повеќе сојузници на САД, вклучувајќи ги Јапонија, Јужна Кореја и седум држави членки на НАТО, се дознава од социолошкото истражување, цитирано од американските медиуми.
„И покрај тоа што постои ниско ниво на доверба во способноста на Путин да раководи со надворешните работи, луѓето во многу земји имаат поголема доверба во него отколку во американскиот претседател Доналд Трамп“, се наведува во истражувањето.
Во целина, резултатите и на двајцата се лоши, покажа сондажата на јавното мнение за почитувањето на работата на лидерите на истражувачкиот центар „Пју“, но е зачудувачки високо нивото на меѓународна недоверба кон американскиот претседател, односно, човекот што некогаш се нарекуваше „лидер на слободниот свет“, забележаа американските медиуми.
Повеќето луѓе во Грција, Германија, Турција, Унгарија, Франција, Италија и Шпанија сметаат дека Путин е поспособен од Трамп „да направи нешто правилно во светските текови“, покажа истражувањето.
Трамп забележува подобар резултат од својот руски колега во Велика Британија, Канада, Холандија, Полска, Австралија, Индонезија и Израел.
Истражувањето беше направено во 37 држави, претходно годинава, а во секоја од овие држави беа анкетирани меѓу 852 и 2.464 лица.
Ново на Сител
-
По две недели, трагедијата во центар на вниманието на пратениците
-
Распит на сведоци и вештачења за пожарот во Кочани
-
Еден од најтешко повредените во дискотеката во Кочани е подобар, тројца и понатаму се во критична состојба
-
Таравари пред одлука: Дали вреди да се биде во „Вреди“
-
30 дневен притвор за обезбедувањето на Мицкоски се обидел да земе 50.000 евра за службените документи
-
На сметките на пензионерите легнаа повисоки пензии за 2.500 денари
-
Трендафилов со предлог - И јас и пратениците да земаме 500 евра плата, но и работниците да добијат толку
-
Државата ќе им исплаќа субвенциониран оброк и на вработените студенти со плата под минималната