Анкета: Гледачите на дебатата Трамп го опишале како „лажго“, Бајден – „претседателски“
Најновата анкета на Аксиос и „СервејМанки“ спроведена веднаш по последната претседателска дебата, укажува дека најчест збор употребуван од гледачите да го опишат настапот на Трамп бил „лажго“, а настапот на Џо Бајден го опишале како „претседателски“.
Останати најчести изрази на гледачите за опис на настапот на Трамп биле „лаги“, „силен“, „претседателски“ и „детски“. Додека во описите за настапот на Бајден се истакнуваат зборовите „лажго“, „слаб“, „очекувано“, и „чесен“.
Најголем дел од испитаните гледачи дебатата ја опишале како „информативна“, потоа „Трамп“, па следуват „Бајден“, „цивилна“ и „досадна“.
Од анкетата се дознава и дека Бајден го фаворизирале 46 отсто од гледачите, а не го фаворизираат 42 отсто, додека кај Трамп овој сооднос е 42 проценти фаворизираат, 52 проценти не фаворизираат.
Шеесет и четири отсто од гледачите, вклучувајќи и незначително мнозинство републиканци, укажале дека правилото да се исклучува микрофонот ја направило дебатата подобра.
Ново на Сител
-
Мицкоски: Најголема инвестициска офанзива во општините, се гради низ цела држава
-
Мицкоски задоволен од постигнатиот консензус меѓу Македонија и Бугарија за пругата од Коридорот 8
-
Активни се 4 шумски пожари низ земјава
-
Почина 16-годишен мопедист - Излетал од коловозот
-
Преглед на вестите од светот
-
Одложен судскиот процес за судењето на Раде Трајковски - Штекли
-
Дојран оваа сезона очекува 150 000 ноќевања
-
Преглед на вестите од светот