Анкета: Французите не сакаат Оланд и Саркози да бидат претседателски кандидати
Две третини од Французите (74 проценти) не сакаат Франсоа Оланд и Никола Саркози да бидат претседателски кандидати во 2017 година, додека Алан Жупе е единствениот политичар чија кандидатура ја поскаува мнозинството (56 отсто) учесници во анкетата на „Одокса“ за „Паризиен“, јави дописникот на МИА.
Имено само 24 проценти од испитаните сакаат актуелниот претседател Франсоа Оланд и лидерот на опозицијата и поранешниот претседател Никола Саркози, повторно да бидат кандидати за претседател во 2017 година.
Додека 38 отсто изјавиле дека сакаат актуелнито премиер Мануел Валс да биде кандидат, 37 проценти тоа го посакуваат за претседателката на ултра десничарскиот Национален Фронт Марин Ле Пен, а 33 отсто се изјасниле за претседателот на МоДем Франсоа Бајру.
Општо земено 56 проценти од испитаните Французи сакаат обновување на политичката сцена на Франција, притоа 88 отсто сметаат дека обновувањето на политичарите е недоволна.
Кај актуелните политичари, само министерот за економија Емануел Макрон кај Французите има имиџ на политичка обнова, тоа го мислат 55 проценти. Тој е пред пратеничката на Националниот фронт Марион Марешал Ле Пен и пратеникот на Републиканците Бруно Ле Мер (36 отсто).
Меѓу мерките кои можат да придонесат за обнова на политичката понуда, нови лица во политиката, Французите сметаат дека треба да се почитува забраната за акумулирање на повеќе мандати. Задолжително поднесување оставка од државната администрација за избраните политичари или политичките мандати да не бидат подолги од 10 до 15 години.
Речиси половината, 49 проценти од граѓаните изјавиле дека се согласуваат еден политичар, кој нема успее да стане претседател повторно да може да се кандидра, додека 50 отсто се изјасниле против.
Ново на Сител
-
Продолжуваат преговорите за нова влада во Бугарија
-
Интервентна уапсила 50 годишен скопјанец утринава, кај него пронајдена марихуана
-
Затворени училиштата во Лос Анџелес поради заканата од пожар
-
ЦУК: Вкупно 1.359 повици на 112 изминатото деноноќие, мостот на Вардар кај Башино Село затворен за сообраќај
-
Прв случај на метапневмовирус во Грција, надлежните смируваат дека нема простор за паника
-
Скопјани и утринава го дишат најзагадениот воздух во Европа
-
Во израелските воздушни напади врз Појасот Газа убиени 18 лица, од кои осум деца
-
Утринските температури насекаде над нулата, освен во Берово со -1 степен