Македонија
13. July 2022 - 16:48

Анкета: 60 проценти граѓани сметаат дека Собранието треба да одлучува за секој чекор од разговорите Скопје – Софија

Речиси 60% од граѓаните сметаат дека секоја одлука во врска со преговорите и односите со Бугарија треба да ја носи Собранието, покажува последната анкета на Програмата за парламентарна поддршка. Но, интересен е фактот што најголемиот дел од граѓаните кои му даваат приоритет на законодавниот дом се поддржувачи на ДУИ и коалицијата предводена од СДСМ, наспроти поддржувачите на опозициските ВМРО-ДПМНЕ и Алијанса.

Според истражувањето мнозинството граѓани или над 70 проценти му даваат приоритет на Собранието и при разрешување на политички кризи, а не на лидерските средби.

 Високи  63% од граѓаните сметаат дека државата се движи во погрешна насока, само 28% сметаат дека земјата ена вистинскиот пат.

Сепак, во споредба со изминатите 4 години довербата во пратениците опаѓа. Од 1 до 5, граѓаните на народните избраници им даваат средна оценка од 2,5.

 Кон ова придонесува  перцепцијата на мнозинството граѓани  дека Собранието не ја извршува докрај својата надзорна улога, односно 27% од испитаниците сметаат дека Владата има целосна контрола над Собранието.

 Во поглед на отвореноста, најголем дел од испитаниците сметаат дека Собранието е  затворено за јавноста, а пратениците не ги земаат предвид забелешките на јавноста при изработката на законите.

 Мнозинството граѓани не го поддржуваат бојкотот на работата на Собранието ниту развлекувањето на дебатата како алатка за да се спречи носењето на закони.  

 Анкетата на институтот за демократија покажува дека само ¼ од граѓаните разговараат за политика со своите пријатели или семејство, или во споредба со претходните години опаѓа интересот за политичките теми.

Теренската анкета е спроведена во периодот од 19 февруари до 10 март на репрезентативен примерок од 1000 испитаници.