Анкета: 44 отсто од Грците не би сакале да се вакцинираат за Ковид-19
Доколку постоеше одобрена и бесплатна вакцина за коронавирусот, 44 отсто од Грците не би сакале да се вакцинираат, наспроти 50 проценти од анкетираните, кои одговориле позитивно, согласно резултатите од истражувањето на јавното мислење на агенцијата „Метрон аналисис“ за грчкиот весник „То вима“, јави дописничката на МИА од Атина.
Најголемиот број на оние кои не би се вакцинирале се на возраст од меѓу 45 и 54 години.
Според истражувањето, испитаниците сметаат дека најголемите проблеми во земјата, во овој момент се пандемијата (29 отсто) и економијата (28 проценти), а веднаш потоа е надворешната политика со 21 отсто од одговорите на анкетираните.
Во однос на употребата на маска, осум од десет анкетирани (81 отсто) одговориле дека се согласуваат со користењето на јавни места.
И покрај високиот процент на Грци кои не се против маската, според резултатите од истражувањето во кое учествувале 1.002 лица, сепак во повеќе грчки градови вчера се одржаа протести токму против задолжителната употреба на маската во училиштата.
Родители, организирани преку социјалните мрежи, протестираа во Атина, Солун, Ламиа, како и на островот Крит, со цел да испратат порака дека не се согласуваат нивните деца да носат маски за време на наставата.
„Не за маските на училиште, му штетат на здравјето на нашите деца“; „Ниту едно дете со маска на училиште“; „Не за вакцина, не за маска“, беа дел од слоганите испишани на паноата на демонстрантите, кои секако не ги почитуваа мерките за заштита од коронавирусот.
Ниту ја одржуваа потребната дистанца, ниту носеа маски.
Ново на Сител
-
Излезни анкети од изборите во Косово: ВВ на Курти 38,2%, ПДК на Красниќи 22,4%, ЛДК на Абдиџику 20,1%, ААК на Харадинај 7,6%
-
Трамп очекува Маск да открие злопупотреби во Пентагон вредни милијарди долари
-
Две лица од Долно Јаболчиште приведени за поседување оружје и муниција
-
Парламентарни избори во Косово: Одѕивот до 15 часот 23,38 отсто, не се забележани сериозни инциденти и нерегуларности
-
Приведен дилер во Скопје
-
Провалил во стан и со закани грабнал лице кое му должело пари - притвор за 56-годишен скопјанец
-
Детектор анкета: Мерките за замрзнување на цените не даваат ефект, граѓаните ги обвинуваат маркетите за инфлацијата
-
Санкционирани 549 возачи во Скопје, 187 за брзо возење