Англија: Три лица убиени, три повредени со напад со нож во Рединг
Три лица се убиени, а тројца сериозно повредени откако вчера маж со наж ги нападна во парк во градот Ридинг на југот на Англија, соопшти локалната полиција, која засега не го оквалификува нападот како тероризам. 25-годишниот напаѓач е уапсен.
Сведоците рекоа дека мажот нападнал околу 18 часот по локално време, напаѓајќи случајни минувачи во парк во Ридинг, град на околу 65 километри од Лондон.
Полицијата објави дека уапсила 25-годишен маж на тоа место под сомнение за убиство, додавајќи дека не бараат други осомничени.
Сведокот Лоренс Ворт за Би Би Си изјави дека напаѓачот одеднаш пошол кон групата од околу осум до десет лица и почнал да ги прободува. Тој се обидел да нападне и други лица, но сите почнале да бегаат од местото на инцидентот, па и напаѓачот избегал од паркот.
Ново на Сител
-
Неготинци апелираат да не се заборави случајот со исчезнатиот Миле Тодоров
-
Георгиевски освои злато на Скопје Опен Г1
-
Трамп бесен на Путин
-
Протести против Маск ширум светот
-
Лишено од слобода лицето кое пукаше со пиштол во скопски Чаир
-
Одземено возило на турчин поради создавање голема бучава на „Партизански одреди“
-
Јаневска: Априлските плати во образованието повисоки за 7 проценти
-
Жена со нож ја нападнала деканката на Филозофскиот факултет во Ниш