-->
-->
Англија дефинитивно без Чилвел на СП во Катар
-->
евиот бек на Челзи, Бен Чилвел(25) поради повреда на бутниот мускул на левата нога ќе мора да паузира дури три месеци и нема да биде во составот на Англија за Светското фудбалско првенство кое од 20 ноември до 18 декември ќе се одржи во Катар.
Чилвел се повреди во судиското продолжение на дуелот против Динамо Загреб одигран претходно оваа недела во рамки на завршното коло од групната фаза во Лигата на шампиони.
Досега Чилвел има 17 настапи за Англија, а лани беше во составот на Гордиот Албион кој дојде до финалето на ЕУРО2020, но не влезе во игра.
Англија на претстојниот Мундијал е во групата Б заедно со Иран, САД и Велс.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Привршува судењето за убиствата на Вања и Панче, завршни зборови на 2 јуни
-
Шефицата на Европската дипломатија Каја Калас во петок во Скопје
-
Македонија домаќин на 2200 војници од НАТО вежбата „Брз одговор 2025“
-
Форум: Мали држави - Големо влијание
-
Арсовска „фати“ дивоградба во Чаир
-
ВМРО-ДПМНЕ: Филипче да не крие информации за златната виза
-
Преглед на вестите од светот
-
Лицата на приматели на семејна пензија можат да работат