Бизнис
20. September 2019 - 16:27

Анѓушев: Работодавачите нема да се присилуваат - минималецот ќе се утврди во договор со нив

Финишираат преговорите за утврдување минамална плата. Се бара решение прифатливо за сите,  избразни одлуки нема да има, вели вицепремиерот Анѓушев. Согласност за зголемување на минималецот се чека од сите работодавачи, не само на дел од нив , без да ги присилуав Владата на тоа. Инаку Сител веќе објави дека и за  Синдикатот и за  работодавачите прифатлива е минимална плата од 14 илјади денари

Инаку денеска статистиката објави раст на просечната нето плата  за  4,3% во однос на истиот период лани.  Сега изнесува нешто над 25 илјади денари. А токму за зголемување на платите, според Анѓушев заслужен  е реалниот сектор, а пред се индустријата.  Вицепремиерот со владиниот тим денеска го посетија металскиот гигант Акцелор Митал, кој од јули има нови газди. Британска Либерти Стил за преземањето, заедно со капацитетите во Италија, Чешка,  Романија  Белгија и Луксембург, платил 740 милиони долари.

Менаџментот најави дека сите  450  вработени остануваат на работа, а  постои можност и за проширување на производството, модернизација и нови вработувања, со користење на мерките и помошта кои ги нуди Владата.