Анѓушев и Манчевски на 5. Самит за Западен Балкан во Виена
Вицепремиерот за економски прашања Кочо Анѓушев и министерот за информатичко општество и администрација Дамјан Манчевски учествуваат на работен состанок на министри за економски ресори, што се одржува во Виена, како активност во рамки на Петтиот самит за Западен Балкан.
На денешниот состанок, вицепремиерот Анѓушев ќе се обрати на сесија на која ќе се дискутира за регионалната економска област, а обраќање на таа сесија ќе има и еврокомесарот Јоханес Хан, како и други министри од регионот, информира владината прес-служба.
Министерот Манчевски, ќе учествува на сесијата насловена „Колективни пристапи кон дигитализиран Западен Балкан“, кадешто ќе даде осврт на активностите кои Владата на Република Македонија ги спроведува во оваа насока.
Самитот за Западен Балкан, се организира во рамки на таканаречениот „Берлински процес“, инициран од Сојузна Република Германија, а поддржан од Обединетото Кралство, Француската Република, Република Австрија и Италијанската Република.
За разлика од досегашниот концепт на еднодневна конференција, годинава официјалниот дел ќе се одвива во три дена – денес е сесијата на министрите за економија во Виена, на 9 јули ќе има паралелни сесии на министрите за надворешни и за внатрешни работи, а ден потоа се состануваат претседателите на Влади во Лондон.
Ново на Сител
-
Врховен задутре ќе одржи јавна седница по жалбата на таткото на Вања против мерката притвор
-
Минималната синдикална кошница за април 60.212 денари, зголемена за 1.214 денари во однос на март
-
Цената на лебот засега е стабилна и нема да се менува, велат од Агро-бизнис комората при ССК
-
МВР, ЈО и АНБ комплетно подготвени за претстојните претседателски избори
-
Инаугурацијата на Путин ќе се одржи на 7 мај
-
Шојгу: Русија ќе ги интензивира нападите врз складишта со западно оружје во Украина
-
Просечната плата во февруари изнесува 39.276 денари
-
ДИК: Гласањето во затворите тече без проблеми