Loading Video...
Фудбал
16. November 2020 - 19:53

Ангеловски: Стојановски и Дориев оставија добар впечаток

За македонската фудбалска репрезентација останува уште натпреварот на Кипар со Ерманија за да се потврди првото место во групата и пласманот во  Б- дивизијата во Лигата на нациите.  Средбата се игра во среда од 18ч. 

Жестокиот ритам во кој играат нашите репрезентативци исфрли од стројот неколку стандардни првотимци па селекторот Ангеловски за средбата со Ерменија повика уште неколку нови фудбалери како Мицевски, Трајчевски и Китановски.  Последен од списокот поради повреда отпадна Елиф Елмас па составот за последниот натпревар од групата во Лигата на нациите ќе биде повеќе од комбиниран.  Сепак ваквиот расплет на настаните и отсуството на стандардните отвора простор за резервистите и помладите играчи да се наметнат со своите игри како на средбата со Естонија каде одличен впечаток оставија нововлезените Костадинов, Стојановски и Дориев. 

За нашата репрезентација сега најважно е да се одигра добро на Кипар и да се остане непоразен што  носи прво место во групата и пласман во Б- дивизијата.  Сигурно до стартот на Европското првенство има многу време и уште голем број репрезентативни натпревари што сигурно секој од повиканите фудбалери ќе се обиде да се наметне со добри игри и пред се залагање.  Да се биде дел од експедицијата кој ќе учестува на континенталниот собир и ќе испише нова историја е сон за секој фудбалер а за тоа се добри игри и во клубовите.  Конкуренцијата ја зголемуваат и дел од фудбалерите од младата репрезентација на чело со Чурлинов  кои одлично играат  под водството на селекторот Боби Милевски и најавуваат светла иднина на националниот тим. 

На  потег е и ФФМ, да изготви план и програма  и да обезбеди средства за да оваа фудбалска еуфорија ја преточи во нов квалитет на македонскиот фудбал со изградба на нови стадиони, со екстра едукација на тренерскиот кадар  и  пред се дополнителна популаризација на најпопуларниот спорт  кај младите  на кои мора да им се отворат вратите за напредок за што сигурно се потребни оптимални услови и добро организирани клубови.