Ангеловски: Остваривме значајна победа за пласман во Б-лигата
Фудбалската репрезентација на Македонија продолжува со добрите игри во Лигата на нациите и оствари нова победа. На Арената „Тоше Проески“ совладана селекцијата на Естонија со 2-1 со головите на Тричковски и Стојановски.
Уште едно солидно издание на македонската фудбалска репрезентација иако без Пандев, Барди, Адеми и Димитриевски. Естонија сепак не се наметна како репрезентација која може да го искористи овој момент но и еуфоријата во нашиот тим по пласманот на Европското првенство. Иако гостите ги имаа првите шанси да го отворат резултатот сепак први поентиравме ние и поведовме со 1-0 со голот на Тричковски .
На почетокот на вториот дел гол постигнува Сапинен за израмнување на резултатот на 1-1 по што Македонија започнува да игра во препознатлив стил и да врши притисок. По неколкуте убави акции нововлезениот Стојановски е на вистинското место и донесе водство од 2-1 за нашиот. Водството можеше да биде и поубедливо доколку Ристовски, Николов и Дориев ги искористеа своите шанси.
Ова е 7-ми натпревар на нашата репрезентација без пораз на меѓународната сцена што е извонреден податок по пласманот на ЕП.
Следниот дуел е со Ерменија а Македонија за овој натпревар остана без Николов и Спировски кои заработија жолти картони па селекторот Ангеловски најави нови имиња во националниот тим.
-
Зоран Николовски
Сите содржини од овој новинар